April 18, 2024

ФК Пелистер добива нова управа, клубот го подигнува нивото во новата година

Еден од фаворитите во единствената Втора лига, битолски Пелистер презими на четвртото место, но верува дека со одлична пролет ќе може да се наметне во борбата за промоција во Првата лига. Клубот е во исчекување на менување на клупските структури, а последните информации говорат дека наскоро Пелистер ќе добие нова управа.

Во комбинација на поранешни фудбалери и успешно стопанственици ќе биде формиран новиот Управен одбор, кој околу Божиќните празници ќе биде официјализиран и промовиран. Имињата на поранешните фудбалери Митко Стојковски, Тони Мицевски, Пеце Цветковски и дел од стопанствениците кои гравитираат во Битола провејуваат во јавноста.

Овој Управен одбор треба да биде решение на голем број проблеми на клубот, кој и во иднина ќе остане во сопственост на Општина Битола, но ќе има детален план на работа, краткорочен и долгорочен проект и со новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“ и „шминкањето“ на стадионот напролет, се очекува битолската публика да добие клуб како што заслужува.

Во меѓувреме во првите денови од 2023 година се очекува старт на подготовките, дефинирање на играчкиот кадар и подготовките, како и контролните натпревар пред стартот на второлигашката пролет.

https://www.gol.mk/fudbal/fk-pelister-dobiva-nova-uprava-klubot-go-podignuva-nivoto-vo-novata-godina


1017