April 16, 2024

Општина Битола со осуда за нападот врз советниците од движењето Поинаку

Општина Битола, најостро го осудува настанот кој се случи на 28.12.2022 во угостителски објект во Битола, каде што присуствуваа советници од сите политички партии, а каде според дневниот билтен на СВР Битола три лица од Битола, агресивно се однесувале кон совеници од Советот и се обиделе физички да нападнат дел од нив. Со ваквиот чин загрозена е безбедноста на советниците, но и директно се влијае на нарушување на угледот на советниците.

Општина Битола, изразува верување дека вакви инциденти повеќе нема да се повторуваат.

Реакцијата доаѓа по соопштението од СВР Битола дека на 28. 12 .2022 во 21 .20 часот во угостителски објект во Битола полициски службениципривеле 3 лица на возраст 48 ,27 и 26 години, сите од Битола, затоа што се однесувале агресивно кон советници од Советот и се обиделе физички да нападнат дел од советниците. Тројцата битолчани според МВР се обиделе да ги нападнат и агресивно се однесувале кон полициските службеници. Првите закани трите лице кои неофицијално се татко и двајца синови ги упатиле кон советнците кога се движеле на Широк сокак кон еден од угосителските објекти. Заканувачите по неколку минути дошле во ресторанот и се качиле на спратот каде продолжиле вербални закани по живот кон сите присустни советници и најмногу кон Габриела Илиевска, претседател на Советот на Битола од независната група советници Поинаку. Според нејзиниот исказ и за медиуми вербалните закани во објектот завршиле, а заради непријатноста на ситуацијата советниците одлучиле да го напуштат ресторанот кога добиле информација од вработените дека трите лица се на подолниот кат и нема да им дозволат на Илиевска и другите советници да го напуштат објектот. Тогаш и била повикана полицијата, а трите лица се обиделе физички да ги нападнат и полицајците, опирајќи се на комуникацијата со нив заради што биле приведени во ПС Битола.

Чаршијата денеска , предновогодишно ја плете приказната дека директна причина за нападот на познатиот бизнисмен било непостапување на Советот по детален урбанистички план кадешто напаѓачите имале интерес. Други пак ги пренесуваат наводните изјави на напаѓачите дека немало ниту вербален напад, а особено не намера за физички напад и дека ова е измислен случај од страна на советниците.


1120