April 18, 2024

Киритимати и Самоа ја започнаа 2023 година

Во 11 часот по средноевропско време жителите на атолот Киритимати од полинезискиот архипелаг Кирибати во Тихиот океан ја дочека новата година пишуваат светските медиуми.

За жителите на најисточните делови на Земјата Нова година е пред сите други поради меѓународнaта датумска граманица (анг. International Date Line – IDL). Тоа е замислена линија на површината на Земјата, која се простира од северниот до јужниот пол спротивно од Гриничкиот меридијан, која го додава датумот кога ќе биде премината. Се совпаѓа приближно долж 180° од географската должина, со неколку исклучоци кога оваа имагинарна граница се врти за да заобиколи одредени групи острови. Оваа граница ги дели временските зони UTC+12 и UTC-12.

Меѓународната линија за датум го следи меридијанот од 180° географска должина, со неколку мали исклучоци. Околу екваторот, линијата ги опкружува двата ненаселени острови Хауланд и Бејкер. Во јужната хемисфера, меѓународната линија за датум ги заобиколува најисточните острови Кирибати. Јужно од Кирибати, оваа линија се враќа на запад, но останува источно од 180°, поминувајќи помеѓу островите Самоа и Американска Самоа, овие острови имаат различни датуми.

Оттука и различните временски зони кои се дефинирани во однос на Координирано универзално време (UTC). Референтната точка за временските зони е главниот меридијан (должина 000), кој минува низ Кралската опсерваторија во Гринич, Лондон.

Огнометот пренесен од кинеската традиција при дочекот на новата година и денес е меѓу најинтересните начини на одбележување на преминот од 31.12 во 01.01 . На линкот подолу меѓународната телевизија Глобал Њус во живо го следи дочекот и огнометите во светот.


1144