March 28, 2024

Во недела, по повод големиот христијански празник Божиќ, во Офицерскиот дом, со почеток од 19:00 часот, ќе се одржи „Божиќен концерт“.

На концертот, ќе настапат Машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“, Детскиот хор „Свети Стилијан“ од Битола и хорот „Свети Ахил Преспански“ од Ресен.

Влезот за концертот е слободен, но поради ограничениот број на места, бесплатни влезници може да се подигнат, денес 05.01.2023 и утре 06.01.2023 од 17:00 до 21:00 часот од Офицерски дом.


1044