October 1, 2023

На денешен ден, 7 јануари, пред 80 години, во 1943 година, во Њујорк почина Никола Тесла, научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, познат како татко на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци, голем патриот, борец за мир и братољубие меѓу луѓето и народите.

Роден е на 10 јули 1856 година, во селото Смиљани, во Лика, Хрватска, во православното семејство на свештеникот Милутин Тесла, мајката Георгина Мандичева, братот Дане, сестрите Милка и Марица. Името, прекарот Тесла го добил по дедото од татко му, роден во село Извор, велешко.

Школувањето го започнал во родното место, каде ги поминал најбезгрижните денови на својот живот. По несреќниот случај, кога на фамилијата Тесла им загинува прворедениот син Дане, фамилијата се сели во Госпиќ, каде младиот Никола го продолжува школувањето. Никола го измачувал фактот дека по завршување на гимназијата во Карловац ќе треба да ја продолжи фамилијарната традиција и да стане свештеник. Тоа не му давало мир, бидејќи искрено го интересирале природните науки. По завршување на карловачката гимназија, Никола се враќа во Госпиќ и се разболува од колера.

По ветување на татко му, Никола Тесла 1875 година запишал Виша техничка школа во Грац.

1879 година почнува да работи како помошник инженер во Марибор. Истата година умира татко му и за да ја исполни неговата желба да заврши факултет, 1880 година, Никола Тесла запишува факултет во Прага. Годините кои следат претставуваат значаен период во неговата кариера.

По работата во Будимпешта во Централниот телефонски уред, следел пронајдокот обртно магнетно поле во февруари 1882 година. Истата година по препорака од своите претпоставени се вработува во Париз во Едисоновото континентално друштво. Тука поминал две години на многу одговорни работи. Неговата умешност не можела да помине неприметено, па е препорачан и на самиот Едисон. Во тоа време Едисон бил најзначајната личност во техниката во САД, херојот на електриката, кого цела нација го славела. Тој на Тесла му дал работа во својата лабораторија во Њујорк 1884 година, но нивната соработка не траела долго.

Незадоволен од односот на претпоставените кон неговата работа, Никола Тесла веќе наредната 1885 година го напушта Едисон и со помош на некои инвеститори ја основа компанијата “Tesla Arc Light Co”. Тука тргнал во реализација на своите проекти од областа на полифазни наизменични струи.

По предавањето “Нов систем на мотори и трансформатори на наизменична струја“ кое го одржал на 16 мај 1888 година пред Американскиот институт на електроинженери (AIEE), Никола Тесла добил понуда од копанијата “Westinghouse“ за откуп на патентите од областа полифазна струја.

Следат години во кои Тесла со инженерите од “Westinghouse” работел на практична примена на своите пронајдоци.

Во јули 1891 година добива државјанство на САД.

Добар дел од 1892 година Никола Тесла поминал во Европа. Преку многубројни предавања ги промовирал своите идеи. Своето предавање “Експерименти со наизменичните струи со високи напони и високи фреквенции“ го одржал во Англија пред Институтот на електроинженери и Кралскиот институт. Истото предавање го одржал во Париз пред Меѓународното друштво на електричари и Француското друштво за физика. Го посетил и Белград, каде останал три дена.

Во 1892 умира мајка му и оваа загуба му паѓа многу тешко.

По враќањето во САД уследила нова борба. Заговорниците на употреба на еднонасочна струја, воедно и противници на наизменичната, предупредувале на опасноста од користење на наизменична струја. Триумфот во оваа борба, позната како “Војна на струите“ во 1893 година го понеле оние кои имале повеќе визија. Таа година светската изложба во Чикаго била осветлена со помош на наизменична струја.

Следело истражување во полето на бежичен пренос на сигнал и енергија. Својата идеја и намерата истражувањето да го насочи во овој правец, Никола Тесла јавно ја изнел во говорот за време на пуштањето во погон на електраната на Нијагарините водопади во 1897 година.

Голема мистерија претставуваат истражувањата на Никола Тесла на ова поле. Иако поминал година дена во Колорадо Спрингс (1899-1900) и водел исцрпен дневник за своите истражувања, до широка употреба на бежичен пренос на електрична енергија не дошло ни до ден денес. Некои свои откритија ги опишал во есејот “Проблем на зголемување на човековата енергија“, кој предизвикал големо интересирање кај научниот и деловниот свет.

Веројатно и самиот заинтригиран од есејот, John Pierpont Morgan (1837-1913), во тоа време еден од најбогатите луѓе во САД, понудил финансиска подршка на Никола Тесла. До соработка дошло на проектот “Светски радио систем“, кој Тесла го водел во својата лабораторија во Лонг Ајленд. После само една година, во 1901 година, Morgan ги скратил финансиите. Поводот за прекин на соработката бил првото успешно трансатлантско бежично праќање на радио порака, кое го извел Guglielmo Marconi (1874- 1937). Тогаш Тесла на Морган му признал дека тој такво нешто можел одамна да направи, но дека тоа не била целта на неговите истражувања. Морган поради ова бил бесен и ја прекинал секоја соработка со Никола Тесла.

Следеле години во кои Никола Тесла работел на усовршување на постоечките и патентирање на нови пронајдоци во областа на машинството. Тие години биле мошне тешки за него. Јавноста се потсетила на големиот гениј кога во 1917 година му бил доделен Едисонов медал, најголемо американско одликување во областа на техниката.

Во 1919 година Никола Тесла ја објавил својата автобиграфија преку серија написи во списанието Electrical Experimenter. Можеле да се прочитаат неговите, често и премногу, сензационални изјави. Изјавите “Растурање на торнадо“ или “Како да се сигнализира на Марс“, тогаш повеќе се сметале како резултат на бујна фантазија, отколку можно научно достигнување. Никола Тесла некако опстојувал од помош на пријатели и скромна пенизја која нерадо ја прифатил од тогашната југословенска влада. Неговото здравје се влошило по смртта на неговите пријатели Robert Underwood Johnson и Richmond Pearson Hobson во 1937 година.

Сам, без фамилија и само во друштво на внукот Сава Косановиќ и неколку пријатели, Никола Тесла ретко се појавувал во јавност во доцните години од својот живот. Исклучок била посетата на Крал Петар II Караѓорѓевиќ кој дошол да се запознае со Никола Тесла во јуни 1942 година во неговиот апартман во хотелот “Њујоркер“, каде што Никола Тесла ги поминал последните десет години од својот живот.

Во осумдесет и седмата година од животот, во хотелот “Њујоркер“, на 7 јануари 1943 година, престанало да чука срцето на овој племенит научник.

Во катедралата на “Свети Јован Богослов“ на 12 јануари 1943 година, на неговиот погреб, се собрале 2.000 луѓе, меѓу кои имало голем број научници, добитници на Нобелова награда, светски признати имиња од областа на електротехниката, југословенски дипломати.

Два дена порано, тогашниот градоначалник на Њујорк, Fiorello La Guardia, одржал посмртен говор кој бил директно пренесуван на радио Њујорк: “…Тесла беше голем хуманист, чист научен гениј, поет во науката… Тој правеше извонредни, запрепастувачки, чудесни работи во текот на својот живот. Го правеше тоа едноставно за да му служи на човечкиот род, а за своите услуги не бараше ништо. Парите не му значеа ништо. Почест – тој што може друг да почествува, тоа беше неговиот став. Благодарност – тој ниту очекуваше, ниту бараше. Оној значаен дел на Тесла живее во неговите достигнувања, кои се огромни, скоро невозможно да се пресмета, тие станаа составен дел на нашиот живот и составен дел на нашата цивилизација, нашето секојдневие…“

Посмртните останки на една од најзначајните личности на минатиот век се наоѓаат во музејот на Никола Тесла во Белград.

Денес, името на Никола Тесла се извикува гласно, со голема почит што овој човек ја заслужува. Бројни здруженија, студентски и инженерски организации го чуваат споменот на великанот на светската наука. За него се напишани многу книги и раскажани разни можни и невозможни теории, но само една е вистината. Никола Тесла беше голем научник, човек без чии пронајдоци тешко би можеле да живееме онака како живееме денес, со многу комфор и слобода што ни ги пружа електричната енергија. Наша должност е да не дозволиме да се заборави неговото име.

Фундаменталните откритија на Никола Тесла, обртно магнетно поле, индукционен мотор на наизменична струја и систем на нејзино произведување и пренесување, високонапонски генератор (Теслин калем), телеаутомат, робот-брод на далечинско управување, светски систем на бежичен пренос, неговите турбини засновани на нов принцип на користење на енергија на флуиди по пат на триење, неговите 112 патенти одобрени во САД, а 168 во други држави, као и 55 пронајдоци за кои не добил патенти, неповратно го изменија светот и начинот на живот на модерниот човек!

Соочени со ова неисцрпно наследство, илјадници истражувачи ширум светот уверени се дека истражувањата на Никола Тесла има уште многу нешта да ни кажат, а неговите плодови ќе продолжат да го восхитуваат светот.

И навистина, опусот на генијот од Смиљане и понатаму носи многу тајни, чекајќи на среќниците кои ќе успеат да ги откријат.

Никола Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните односно трофазните системи, како и на индукциониот мотор, со кој станал предводник на Втората индустриска револуција.

По неговата демонстрација на безжичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во “Војната на струите“, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник!

Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инженерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развојот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД, славата на Никола Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура, но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Никола Тесла на крајот завршува исмеан и обележан како луд научник. Никогаш не грижејќи се за пари, Никола Тесла умира сиромав и заборавен на возраст од 86 години.

Единицата во системот SI за густина на магнетен тек или магнетна индукција, често нарекувана магнетно поле, во негова чест е наречена Тесла на Генерална конференција на тежини и мерки одржана во Париз во 1960 година.

Покрај неговата работа во областа на електромагнетизмот и инженерството, генераторите, Никола Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, нуклеарната и теориската физика.

Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Никола Тесла за единствен пронаоѓач на радиото. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот.

Современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла го нарекуваат “човекот што го измисли дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“

Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание.

Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Македонија, и во Соединетите Американски Држави, во целиот свет.

Професоркста Ангелина Маркус тврдеше: “Никола Тесла е Македонец, роден во Извор кај Богомила, кој со роднините се допишувал на Македонски јазик. Неговиот најблизок соработник, Михајло Пупин, Македонец од фамилијата Пупинови од Струшко, исто така, во исто време се допишувал со фамилијата како и Никола Тесла. Пупин праќал писма, пакети и камбанарија за црквата во неговото село. Тие заедно работеле на првата хидроцентрала во светот и градење на првата дистрибуција со далноводи, сега таа мрежа е светска. Ако појдете кај Нијагара, упатете се кон долгиот мост – границата помеѓу Канада и Соединетите Американски Држави. Таму биле лабораториите, архивите, писмата до своите роднини и се’ друго.“

На порталот македонска нација објавена е фотографија на Никола Тесла со македонска народна носија во својата младост, некаде околу 1880 година. А во прилог на објавата пишува: “Никола Тесла важи за најголемиот, најповлечениот и најслабиот по здравје од сите гении. Роден е на 10 јули 1856 година, во селото Смиљани, во Лика, Хрватска, во православното семејство на свештеникот Милутин Тесла, мајката Георгина Мандичева, братот Дане, сестрите Милка и Марица. Името, прекарот Тесла го добил по дедото од татко му, роден во село Извор, велешко. Никола Тесла бил голем патриот, борец за мир и братољубие меѓу луѓето и народите, кој за себеси изјавил: ‘Подеднакво се гордеам и со хравтското и со македонското потекло!’ Починал во најголема беда во еден Њујоркшки хотел во текот на војната, на 7 јануари 1943 година. Во коментарот на Њујоркшката радио станица било речено: ‘Што мислите? Кој бил најголемиот пронаоѓач на сите времиња? Томас Едисон? Не! Маркони? Не! … Неговото име е Тесла, Никола Тесла… Неговите пројадоци ви озвозможија да слушате радио. Неговите изуми ја овозможија телевизијата… Кога би ги исклучиле сите пронајдоци на Никола Тесла од нашиот технички живот, тогаш 90% од целата наша работа одеднаш би запрела и тогаш целиот свет би паднал во мрак!“

За неговото македонско потекло пишува и Жаклина Блажевски во коментар на порталот дудинка: “Никола Тесла е роден во фамилијата Тесличкови чии корени се од Велес, даден на посвојување како бебе во Лика. Лазо Наумов – Батето бил куќен пријател на Тесличкови и ја знаеше судбината на Никола и многудетната сиромашна фамилијата Тесличкови… Ако сакате да ја дознаете и пишувате вистината и само вистината одете во Велес, Македонија и побарајте ја фамилијата Тесличкови… Сите, и Хрвати и Срби и Македонци денес се китат со достигнувањата на Никола Тесла од фамилијата Тесличкови… Но, Никола Тесла им припаѓа на сите во светот! Роден во македонска фамилија, усвоен во српска фамилија, израснат во Лика, Хрватска, а целиот живот работел во Америка… Чиј е?“

Боби Милчевски за Никола Тесла, исто така, вели: “Општо познато е дека Никола Тесла и Михајло Пупин, заедно со нивниот најстар братучед, познатиот Александар Попов, од познатата фамилија Попови, доселени од Солун во Велес во тогашна Македонија, и кумот од соседното Ново Село, Томе Танасовски, подоцна познат како Томас Алва Едисон, ги имаат најголемите заслуги за науката, поставувајќи ги темелите на електротехниката и физиката! Оваа вистина никој јавно не ја кажува, останува скриена во темните хидници на архивите… притоа присвојувајќи ја историјата и личностите низ неа како свои!“

Тесла е македонски збор, а во Велес живее фамилијата Тесличкови…

И после се’, неговата душа нека почива во Царството небесно, каде што почиваат душите на праведниците, место каде што нема ни жал, ни воздишка, но живот Бесконечен…

Вечна му памјат и Бог да го прости, почивај во мир во Царството небесно каде што почиваат душите на праведниците. Неговиот лик и спомените за него и неговите дела вечно ќе се паметат од човештвото и во светот.

________________

Дел од текстот е преземен од порталот порта3.мк за градежништво, архитектура и екологија


1041