Утринава во Битола измерени – 7

Утринава најстудено било во Битола и Берово, кадешто како минимална утринска температура биле измерени – 7 степени Целзиусови. во текот на денот ќе дојде до затоплување , но не се очекува максималната дневна температура да го надмине 7 степен од Целзиусовата скала .
Од УХМР прогнозираат дека денес претпладне по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено во текот на ноќта и утре претпладне. Од утре попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Утре и во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Извор: УХМР
