April 19, 2024

Железничкиот сообраќај се нормализира по утринската несреќа на линијата Гевгелија-Скопје

Попладнево сообраќаат сите возови на сите релации информираат од Македонски железници. Иако, утринскиот патнички воз од Скопје за Битола денеска не го направи своето патување. И претпладневниот од Скопје за Велес.

Причина за тоа е утринската железничка незгода на линијата Гевгелија – Скопје.

Во телефонски разговор за а1он Саша Јовановски, директорот на патнички сообраќај во Македонски Железници изјавил „ Едно од тркалата на вториот вагон од композицијата со една локомотива и три патнички вагони излегло од шината при тргнување на возот. При брзина од три километри на час, тркалото се изместило и возот застанал. Со оваа брзина не може возот да излета“.


Официјалното соопштение на Македонски железници од утринава пак кое го насочи вниманието на јавноста беше „Денес, 09.01.2023 година, околу 07.00 часот кај Кадина река , еден од трите вагони на утринскиот патнички воз број 630 на релација Гевгелија – Скопје, излизга,со една осовина (тркало) , надвор од шината. Во возот имаше 150 патници, нема повредени. Во правец на Кадина Река, од Скопје веднаш беше упатен друг патнички воз кој ги презема патниците од гевгелискиот воз и ги превезе до Скопје. Истите пристигнаа во Скопје во 08.35 часот.“

.


1087