Делегација од Дуги Рат во посета на Општина Новаци

Денес Општина Новаци ја посети делегацијата од збратимена општина Дуги Рат од Р. Хрватска, предводена од градоначалникот Тончи Баук, членови на Советот и општинската администрација.
Разменети се искуства околу функционирањето на локалните самоуправи во актуелните економски и политички услови, работењето на тековните проекти, меѓусебни искуства и разгледани се можностите за заедничка реализација на европски проекти.
