February 1, 2023

Легендарниот Митко Стојковски е нов претседател на ФК Пелистер

Македонскиот второлигаш Пелистер конечно доби нов претседател, а именувани се новите членови на управниот одбор.
На денешното вонредно собрание за нов претседател е избран Митко Стојковски кој доѓа на местото на претходниот Пеце Стојчевски.
Во бордот на директори членуваат поранешните фудбалери Тони Мицевски, Пеце Цветковски и Златко Деловски, стопанствениците Трајан Вртковски, Павле Лазаровски и Сотир Николовски и претставници на Општина Битола, Блага Талевска (економист) и Стефанија Боцевска (правник).
Новата управа на чело со некогашниот репрезентативец на Македонија ќе работи на стабилизација на клубот и што побрзо да го врати клубот во фудбалската елита на Македонија.