December 7, 2023

Затекнати малолетници после 24ч во угостителски објект

На 21.01.2023 година во времето од 00.00 до 04.00 полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетни лица во истите на подрачјето на Битола каде е извршена контрола во три угостителски објекти ,при што во еден локал на ул. Велешка во Битола, затекнати се три малолетни лица.
Истите се предадени на родителите,следува пријава по чл .21 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир за угостителите.

Приведено лице во Битола за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори во Битола,пронајдена дрога

На( 21.01) од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола во врска со чл. 215 од КЗ на ул. Филип Втори Македонски при извршен преглед на лицето Т.Б.(27) од Битола беше пронајдена марихуана .Истиот е приведен полициска станица при што ќе следува соодветна пријава.


1021