March 28, 2024

Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Слаби врнежи од снег имаме во Маврово,Стража,Крива Паланка, Страцин и Смојмирово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.

Извор: ЈПОЗРМП


1029