Нов рекорд за одење по јаже

Бразилскиот одач по јаже / жица Рафаел Бриди постави нов рекорд со одење повеќе од петстотини метри меѓу две згради на над стотина метри над земјата во Сао Паоло. 35-годишникот поминал 510 метри по жица поставена на 114 метри над земјата помеѓу две високи згради во населбата Вале до Анхангабау во центарот на Сао Паоло, при што животот долу се одвивал непречено. Дури и ги поздравувал луѓето што ги гледал внатре во зградите. „Патот“ го изодел за 25 минути и претставува нов Гинисов рекорд за растојанието поминато со жица во урбаана средина во Америка. Ова не му е првпат. Рекорди по одење на жица поставува сиот свој живот. Лани одел преку активен вулкан, а пред две години ја поставил жицата ( јажето) меѓу два балони со топол воздух нависина од скоро 2.000 метри над земјата.
