March 19, 2024

Ноќва обидете се да ја пронајдете Зелената комета

Астрономите и астролозите денеска и утре на небо ја очекуваат Зелената комета (C/2022 E3 (ZTF)) којашто ќе биде на најблиската точка до Земјата. Кометата ќе биде оддалечена само околу 42 милиони километри од нашата планета. Многумина ширум светот веќе го забележале објектот додека минува низ северното небо. Од минатата недела, кога првпат станала видлива и за голо око, уште повеќе се осветли што го прави уште полесно да се забележи објавува www.iflscience.com .
Ако имате ведро небо, можете да користите компас или телефон (дајте им време на очите да се прилагодат на темнината) или дури и ѕвездите да го најдат северот. Најпрвин побарајте ја Големата Мечка и пронајдете ги двете ѕвезди на крајот од неа, подалеку од рачката. Ако замислите линија што оди од тие две ѕвезди нагоре, ќе ја најдете Поларис, Северната ѕвезда, најсветлата ѕвезда во соѕвездието Мала Мечка. Кометата се наоѓа само малку подалеку од Поларис, повисоко на небото, во соѕвездието Камелопардалис (жирафа). Малата Мечка, исто така, ви помага да сфатите дали можете да ја видите кометата со голо око од вашата локација или, со оглед на осветленоста на небото, дали ќе ви треба помош од двоглед или мал телескоп.
За набљудувачите на северната хемисфера без телескоп, кометата ќе изгледа како „бледа, зеленикава флека на небото“, додека оние со телескоп би можеле да ја видат драматичната видлива опашка на кометата.
Или,ако можете да ги видите сите седум ѕвезди во Малата Мечка, имате среќа и имате убаво темно небо, ќе успеете да ја видите кометата којашто, според познавачите, првпат била забележана пред 50.000 години. Кометата сега била во слаба хипербола, што значи дека може пак да биде видлива за жителите на планетата Земја. А проценката дека неандерталците ја виделе први е направена врз основа на пресметката дека на кометата и се потребни околу 50.000 години за да сврти околу Сонцето.

Извор: www.iflscience.com


1024