March 26, 2023

Посета на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Битола

Денес во посета на Битола беше Александар Николоски потпретседател на ВМРО ДПМНЕ. На средбата со градначалникот Тони Коњановски се дискутираше за проектите кои општина Битола ќе ги реализира во 2023 година и со кои ќе се забрза локалниот економски развој. Градоначалникот го информира г-дин Николоски дека од капиталните инвестиции кои ќе отпочнат да се реализираат во 2023 се улицата Индустриска и зградата на против пожарната единица во старата касарна.