March 26, 2023

Македонските Турци будно ги следат настаните по земјотресот, прават напори за контакт со настраданото население

Засега немам информации дали во катастрофалниот земјотрес што утрово ја погоди југоисточна Турција има повредени наши граѓани, или граѓани со македонско државјанство, вели Шенол Мемиш , претседател на Македонско-Турското здружение за пријателство „Кемал Ататурк“ од Битола. „Досегашите разговори со Ердоган Сарач од Движењето за Национално Единство на Турците не не водат до други информации освен оние кои ги соопштува официјалната турска држава. А според информацијата што јас сега ја добивам, претседателот соопштил дека се преценува оти бројот на повредени само во Турција е 5.000 лица, а околу 3.000 згради се целосно срушени. Освен меанизација, спасувачки тимови, на болниците во Газиантеп и другите околни градови , барем тие што останаа несрушени,потребна им е крв за трансфузија па сега се оранизира голема акција за дарување на крв низ цела Турција.“

Ердоган Сарач веќе испрати сочувство до турскиот претседател.


„Длабоко сме тажни утрово поради земјотресот што се случи во 10 провинции на нашата татковина Република Турција. Како Движењето на турското национално единство, националниот рефлекс и совест на македонските Турци. Во оваа прилика им посакувам обилна Божја милост на сите оние кои го загубија животот во овој земјотрес, а на повредените брзо закрепнување. Посакувам трпение и сочувство на сите турски граѓани и роднини на оние кои го загубија животот во земјот ,сочувство до нашата татковина. Се молиме Алах да ја заштити Турција од секакви простувања, епидемии и полошо од ова. Мој почесен претседателе Вашата болка е наша болка. “- се вели во пораката со иразена подготвеност за помош.

Инаку, утринава од македонското Министерство за надвореши работи информираа дека стапиле во контакт со амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул кои се во постојана комуникација со турските надлежни институции.
Од МНР објавија и телефонски броеви за контат од амбасадата во Анкара, конзулатот во Истанбул и СОС телефонот во Скопје:
Анкара: +905394569710;
Истанбул +905456149777;
СОС телефон на МНР во Скопје: +38975273732.