March 28, 2024

Бројот загинати во турско-сириските последователни земјотреси расте, ама и бројот спасени

Во текот на целата ноќ во Турција тлото се тресело, а најсилниот земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава околу 4 часот наутро. Населението во кризните реони ноќта ја минале во џамиите, стадиони и во големите супермаркети ( мол ).
Се помали се надежите дека ќе бидат пронајдени преживеани и се поголема е радоста кога и по 19 часа од урнатините се извлекува по некој преживеан. Во Шанлиурфа околу полноќ била спасена 19 годишна девојка, во Малатија претходно полициски нуркачи спасиле 4 члено семејство.
Според утринското соопштение на турската дирекција за управување со кризи и вонредни состојби ( АФАД): „ Животот го загубија 2 илјади 921 лице. Имаме 15.834 ранети. Барања за помош и поддршка има од 65 земји.Интензивно се работи со наши 16 илјади 400 вработени и странски персонал. Ги обезбедуваме потребите за шатори и засолништа и ги испраќаме во зоната на катастрофата. Планираме да го насочиме нашиот персонал за пребарување и спасување таму веднаш штом времето дозволи.“
Според Министерството за здравство на Сирија пак, бројот на загинати во областите под контрола на владата се искачи на 656 лица, а околу 1.400 се повредени. Во северозападниот дел на земјата, контролиран од бунтовниците, групите што дејствуваат таму соопштија дека најмалку 450 луѓе загинале, а стотици се повредени.


1020