Топлификација „на пат“ кон Битола, денес под регионалниот пат, наскоро под „Црна“

Од АД ЕСМ , Топлификација во Битола денеска информираат дека се реализираат градежите активности поврзани со инсталација на топловодот од РЕК до Битола. Се изведуваат работи за преминување на магистралниот пат Битола – Новаци. Цевките на топловодот се под патот.
„Градежниот зафат беше подготвуван речиси еден месец и претставуваше еден од сериозните предизвици со кои се соочија изведувачите на топловодот, фирмите „Гранит“ и „Рапид билд“.
Паралелно со пробушувањето на трасата на топловодот под регионалниот пат Битола –Новаци, во тек се подготовките за поминување на цевките под реката Црна, во непосредна близина на Новаци. И овој зафат е подготвуван подолго време, при што искористени се најдобрите светски практики за вакви ситуации.

Во останатиот дел од трасата, топловодот од РЕК до Битола е поставен, речиси без проблеми, во должина од околу 12 километри. Цевките за топлификацијата стигнаа до индустрискиот дел од градот од каде продолжува нивното поставување во насока на улица Партизанска и на улицата Филип Втори Македонски .
