ВМРО-ДПМНЕ Битола: криминалот во ЈКП Водовод е направен во 2020 година

Интегрално соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ, реакција.
„Криминалот и незаконското работење СДС Битола и јавното обвинителство да го побараат во ревизорскиот извештај на ЈКП ВОДОВОД Битола од 2020 година.
Почитувани од СДС,
Одлуките на управниот одбор на ЈКП ВОДОВОД Битола потврдуваат дека директор на ЈКП ВОДОВОД Битола патувал со одлука на Управниот одбор и со тоа се докажува дека нема никаква злоупотреба на законот.
СДС Битола и јавното обвинителство да се позанимаваат со ревизорскиот извештај за ЈКП ВОДОВОД Битола од 2020 година во кој јасно се нотирани незаконски склучувани договори без обезбедени банкарски гаранции и склучувани анекси договори за набавка на водоводен материјал.
СДС Битола бесрамно се обидува да ја намали политичката штета од смртта на битолчанецот кој 2 години ве молеше да му набавите лек за болните од цистична фиброза. Наместо да се извините и да покажете солидарност со болните од цистична фиброза, вие удирате таму каде што нема простор – каде нема предизвикана никаква штета на претпријатието дури ниту за патни или други трошоци, а целта е оправдана и за тоа постојат докази.
Ниту морално, ниту етички, Вие кои го уништивте градот и државата имате право да барате оставка, со тоа само уште еднаш потврдувате дека бесрамно се однесувате кон фактите што го уништивте безмилосно националното достоинство и народот го турнавте во страшна сиромаштија. И наместо како централна власт да размислите и да ги решавате проблемите на граѓаните, криминалот и корупцијата, за која секојдневно ве прозиваат, Вие и натаму очајно глумите власт.
На крајот, како партија бескрајно ја почитуваме слободата на говор и правото на критичко мислење на медиумите и ќе се воздржиме од правна процерура за докажување на Вашите наводи.
Вашите импровизации се оддалеку препознатливи!“


1091

Задолжително

Verified by MonsterInsights