Сподели љубов, покажи одговорност, ако пиеш НЕ ВОЗИ !
Четиринаесетти февруари традиционално претставува посебен безбедносен ризик кога се работи за јавниот ред и мир, но и безбедноста на патиштата. Оттука, Републичкиот совет за безбедност на патишата ( РБСП) направи посебна кампања.

„Празниците се време за средби со најблиските и за создавање незаборавни спомени, но и време кога сообраќајот на патиштата е поинтензивен и неопходно е да се посвети посебно внимание на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. За време на празникот на љубовта и виното возете внимателно! Наздравете за пријателствата, за искреноста, за среќата на живеењето, за безброј среќни моменти исполнети со многу љубов.Љубовта оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Затоа РСБСП упатува апел:
• ако пиеш – не вози, ако возиш – немој да пиеш,
• ако пиеш – користи такси превоз или јавен превоз,
• за тие што те сакаат и за тие што ги сакаш, почитувај ги сообраќајните
правила и прописи,
• вози внимателно и грижи се за сите учесници во сообраќајот,
• сподели среќа и радост со најблиските и
• вози со СРЦЕ!

РСБСП на сите учесници во сообраќајот им го честита празникот на љубовта и виното и им советува доколку за време на празнувањето одлучат да управуваат со моторно возило, да бидат особено внимателни и да возат совесно.
На крај додаваат :
„ Честит Св. Валентин и Св. Трифун!
Почитувајте го животот и уживајте во пријателствата.
Споделете љубов и покажете одговорно однесување.
Возете безбедно!“
Извор: РБСП