Временска прогноза
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. До утре ќе се задржи сончево, а од четврток ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура на воздухот ќе достигне и до 19 степени Целзиусови.