16 институции во Скопје под закана за подметната експлозивна направа
Полицијата во Скопје ги евакуира граѓаните и извршува антитерористички прегледи на 16 институции кадешто според денешната информација од Министерството за внатрешни работи имало дојави за подметнати бомби.
„Денеска (21.02.2023) е пријавено дека преку електронските адреси е упатена закана за поставена експлозивна направа до Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје и ФФМ. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“ , стои во соопштението од МВР.
Дојава имало и во телевизијата Канал 5, која на својата интернет страна ја објави пораката.