April 19, 2024

‘‘Ајде Македонци‘‘ е новиот патриотски фолк хит во Македонија

Фолк пејачот од Кичево Мики Данилоски веќе две години имаше нова песна, но немаше каде да ја промовира. Тој конкурирал на повеќе фестивали со неа, но бил игнориран. Песната е дури одбиена и на фестивалот за патриотски песни ‘‘Гоце фест‘‘. Најпосле Мики се јавил во ‘‘Ин продукција‘‘ кои се застапници за ИНТВ Македонска музичка Сателитска телевизија која зрачи низ целиот свет и е најгледана мегу дијаспората. Мики заедно со Ин продукција снимија видеозапис и песната веќе се врти на ИНТВ.

Во песната меѓу другото се вели:

Тагата пуста навлегла, легнала таа натежнала,

Над наша мила Македонија,

Дојдоја луѓе проклети, дојдоја луѓе изроди,

Тоа што се чувало векови, го продадоа за пет пари!

Ајде Македонци, на нозе, доста е доста молчење,

Името свето да го вратиме, а нив џенем да ги испратиме!


1194