Во САД се живее со силна зима, бури и исклучително жешко време

Снежна покривка од преку 60 см , ниски температури и силен ветер се очекува во северните делови од САД кадешто се проценува дека преку 850.000 домови и деловни згради повремено остануваат без струја. Од друга страна пак на југоисточниот дел од земјата актуелни се предупредувања за заштита од сонце и високи температури кои достигнале и до 37степени Целзиусови, што било покарактеристичо за месеците мај и јуни наместо на среде февруари.

Од едниот до другиот крај на САД се регистрираат и снежни и дождовни бури со силен ветер. Од центарот на Ајова до линијата Висконскин-Илиноис и низ јужниот дел на Мичиген населението се справува со леден дожд кој удира во налети.

Зимското време веќе предизвикало оштетувања на голем дел од локалните патишта, а заради предупредувањата од силен ветер се одлагаат локалните летови од малите аеродроми распространетиниз САД,училиштата и градинките се затворени. На удар се околу 50 милиони американци.

Од другата страна пак, државите од Охајо до Флорида се соочуваат со екстремно топло време за овој месец. Околу 20 милиони американци се погодени од овој топлотен бран за кој научниците сеуште немаат објаснување зошто на тлото на САД се случува ваква поделеност на температурите. Долж долината на реката Мисисипи пак има силни ветришта , регистрирани биле 30 бури.

Фото насловна: cnn-weather news 18


1151

Задолжително

Verified by MonsterInsights