March 28, 2024

70% од фирмите ЗЕМАЛЕ СУБВЕНЦИЈА ЗА СТРУЈА, НЕ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИ

Дури 70 отсто од компаниите кои користеле субвенционирана струја од државата, како мерка за намалување на цените и запирање на инфлацијата, не ги поевтиниле цените на своите прехранбени производи.

Ова го откри министерот за економија Крешник Бектеши во гостување на телевизија „Алсат“. Тој за „Економски магазин“, вели дека во најава се парични казни, но и затворање на некои од овие фирми.

Преку 250 компании користеа поевтина струја која ја субвенционираше државата, како мерка со која требаше да престане растот на цените на храната.

Бектеши сега вели дека значителен дел од овие компании, односно над 60 или 70 отсто, не ја почитувале одлуката и ги држат истите цени од ноември, пред да почне субвенционирањето на струјата. Затоа, Бектеши најавува дека на крајот на месецов ќе предложи до Владата да донесе одлука за укинување на оваа мерка.

Поради несовесните газди, сега и оние кои ги почитувале правилата ќе плаќаат поскапа струја затоа што Владата им ја укинува помошта“, вели Бектеши.


1037