April 20, 2024

ВО ПРИЛЕП ВОЗ УДРИ ВО АВТОМОБИЛ, ЕДЕН ЗАГИНАТ, ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ

Нешто пред 4 часот утрово, воз удрил во автомобил на железнички премин во населбата “Сточен Пазар” во ПП. Животот го загубил 39-годишниот возач Д.М., а други две лица поминале со полесни повреди, исеченици на екстремитетите и повреди на главата. Истрагата е во тек.


1028