March 21, 2023

КИЦ Битола во соработка со Центар за психотерапија и едукација Amigdala – Скопје и Алтернативен театар „Отпишани“ – Скопје вечерва со почеток во 19.00 ч. во Офицерски дом Битола – Свечена сала Ви го најавува социо – културниот настан Playback театар.

„Плејбек театарот“ е вид, форма на театар на импровизација, во која публиката е таа што ја раскажува приказната, а актерите преку специфични техники ги развиваат и засилуваат раскажаните приказни, враќајќи им ги на гледачите како во огледало. Настанот е интерактивен, а во себе содржи актерска игра на содржина понудена од публиката.