Временска прогноза
Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Од УХМР предупредуваат- „Денес ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (со брзина над 60, а на места и над 70 км/ч). Попладне во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и ќе се прошират на повеќе места преку ноќта, на места ќе бидат поројни, проследени со силен ветер и појава на грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Дневните температури ќе бидат за степен или два пониски од минатонеделните, но сепак ќе достигнуваа до 15 степени.
Утре локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи.