May 19, 2024

АД ЕСМ во јануари и февруари го зголеми производството за 50 % во споредба со
истиот период лани

АД ЕСМ во јануари и февруари го зголеми производството за 50 % во споредба со истиот период лани АД ЕСМ во првите два месеци од годинава во целост го исполнува планот за производство. Во капацитетите на компанијата произведени се вкупно 1.037.333MWh електрична енергија што претставува зголемување во споредба со истиот период лани за 49,97 %, а споредено со 2021 година за 78,53 %.
Зголеменото производство на електрична енергија во Државните електрани на Северна Македонија, овозможи ЕСМ Продажба значително да ги намали набавките на струја на берзите. ЕСМ Продажба која набавува електрична енергија за снабдување на болници, училишта, јавни комунални претпријатија, дел од производствените капацитети и останати договорни органи во државата, во првите два месеци од годинава набави само 14.980 MWh. За периодот 4-5 јануари ЕСМ „Продажба“ набави 7.300 MWh, а изминатиот викенд беа набавени 7.680 MWh електрична енергија.
АД ЕСМ во екот на грејната сезона ги има ставено во функција сите расположливи производствени капацитети со цел зголемување на домашното производство и успешно справување со енергетската криза.
Рестрикции на струја и понатаму не се опција и АД ЕСМ е насочена кон овозможување на предуслови за стабилизирање или намалување на цената на струјата.

Извор: ЕСМ


1026