March 22, 2023

По повод 140 години од раѓањето и 50 години од смрта на Пабло Пикасо, Амбасадата на Кралството Шпанија ќе oрганизира серија на изложби посветени на големиот Шпански уметник Пабло Пикасо. По големиот успех во 2016 година на изложбата „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски покажана пред Скопската публика, изложбата ќе имаат можност да ја погледнат граѓаните на Битола.
Со серијата на изложби кои се во организација на Амбасадата се одава достојна почит на уметникот кој остави голем број на дела на целиот свет.

Изложбата свечено ќе биде отворена на 3.03.2023 во 19.00ч во НУ Завод и музеј


Пикасо како основач на кубизмот кој со својата уметност е непресушна инспирација и предизвик за многу светски познати уметници. Така и македонскиот уметник Филип Фидановски се вбројува во таа листа на уметници.
Амбасадата на Кралството Шпанија покрај промоцијата на Шпанските уметници успешно соработува и подржува многу македонски уметници кои го негуваат Шпанскиот уметнички дух.
На изложбата „Пикасо Можеби јас“, ќе бидат покажани 10 скулптури (портрети) изработени во керамика, инспирирани од делата на Пабло Пикасо. На оваа изложба покрај скулптурите во форма на легенди на делата ќе бидат претставени репродукции на оргиналните дела на Пикасо од каде Фидановски и ја црпи инспирацијата за неговите дела.