June 2, 2023

Временска прогноза

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

И во текот на неделата денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди, ама и дождови. Па така, утре попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Локален дожд ќе има и во сабота. Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.

Извор: УХМР


1017