Временска прогноза

Времето денеска ќе биде студено наутро, а преку денот претежно сончево, прогнозираат хидрометереолозите на УХМР. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од минус 7 до 17 степени.
Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе ја зафати државата од среда, кога на места ќе бидат пообилни и поројни. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, а во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.
