ОСМАНИ; ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ЌЕ ГО ДОБИЕМЕ ПРВИОТ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ-ДАЛИ Е СЛУЧАЈНА НАЈАВАТА ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

За неколку месеци ќе го добиеме првиот албански премиер, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, но овојпат во улога на координатор на огранокот на ДУИ во Чаир.
Тој на чаирчани вечерва јасно и гласно им порача дека Македонија за неколку месеци ќе го добие првиот премиер Албанец, а ова е ова е првата изјава на владин претставник во која се најавуваат избори оваа година. Според кажаното, Османи најверојатно мисли на пржинскиот договор за техничката влада што им претходи на сите парламентарни избори, односно на правилото премиер-Албанец да ја води земјава во последните 100 дена пред одржувањето на изборите.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи од партискиот собир на ДУИ во Чаир побара од жителите на овој крај да се сетат малку на каква позиција биле Албанците и каде се денес, јавува ТВ21.
Почнувајќи од претседателот рече дека тој ја води војската со печат на албански јазик. Тој продолжи со Собранието, додавајќи дека во регионот има три парламенти кои се предводени од Албанци.
– Бевме народ без јазик, народ без знаме, народ бес достоинство, но работите сега се променети. Да почнеме со претседателот на државата кој е консензуален и кој ја води војската со печат на албански јазик. Да продолжиме со претседателот на Собранието и со употребата на албанскиот јазик. Во регионот имаме три парламенти во кои се водат седници на албански јазик. Ја имаме и Владата во која за неколку месеци ќе го добиеме првиот албански премиер – рече Османи.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со месеци бара предвремени парламентарни избори, но досега од Владата беа изрични дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.
