April 22, 2024

При претрес во битолско и ресенско пронајдени пушки и муниција

На 16.03.2023 криминалистичката полиција при СВР Битола со наредба од Основен суд извршилa претрес во битолско и ресенско, при што во с.Езерани, ресенско, во домот на Г.А.(44)од с.Езерани, биле пронајдени 19 парчиња различен калибар муниција.
При претрес во куќа во с.Цапари, битолско, сопственост на Ј.М.(29)од с.Цапари, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки калибар 12мм и една воздушна пушка калибар 4.5мм, додека при претрес во домот на П.Т.(57) во с.Ротино, битолско, пронајдени се и одземени еден карабин, една ловна пушка, муниција за двете оружја и друга муниција.
Трите лица биле повикани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави.


1017