April 19, 2024

Денес Битола против Скопје – меч на шаховски легенди

Денеска, (Сабота, 18.март) од 10.00часот во кристалната сала на Офицерски ќе се одржи несекојдневен турнир во шах. Меч на шаховски ветерани од Битола и Скопје.
Ревијалниот карактер на турнирот секако ќе биде само за публиката, на играчите ќе им се бројат победите односно поразите и вкупниот резултат од досегашните вакви мечеви. Затоа што шахот е игра, за некои спорт што се игра еден – на – еден, но многумина во исто време. И, турнирите, без разлика дали се ревијални или пак со победа се добива подобар официјален пласман, имаат правила.

За подобро да следиме: турнирските шаховски партии се играат под временски ограничувања со помош на шаховски часовник. Секој играч мора да го направи својот потег во одредено време. Доколку тој тоа не го направи во рамките на даденото време, го губи правото на потег.


Доколку на таблата има мат-ситуација, играчот кој матира победува, без разлика на времето.
Ако играчот А посочи дека на играчот Б му истекло времето, но потоа се забележи дека и на играчот A му истекло времето, се прогласува реми.
Ако играчот А посочи дека на играчот Б му истекло времето, а на играчот A не му има истечено, и играчот А има доволен материјал за матирање (или пион, или коњ, ловец, два ловца и топ, или кралица), тогаш играчот А автоматски победува.
Ако играчот А посочи дека на играчот Б му истекло времето, а играчот А нема доволен материјаол за матирање, се прогласува реми.

Денешниот турнир го организираат сите шаховски клубови од Битола: „Шах-шех“, „Штајниц“, „Стевче Патако“ и „4-ти Ноември“. Не само што учесниците (и публиката) ќе оддадат почит на македонските и светски шаховски великани, туку , ќе видиме дали најискусниот пријавен играч на возраст од 89 години е и најдобриот играч во моментов.


1249