April 25, 2024

Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во слаб снег.

Државава е под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денес времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Утре ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 км/час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Извор: УХМР


1024