April 20, 2024

Збратимување на градовите за поголем економски развој

Збратимувањето на градовите од различни држави од регионот, Европа и другите континенти освен за културни и образовни дејности, да се искористи за зајакнување на економската соработка и нови инвестиции.
Во услови кога во Македонија е забавено и намалено влегувањето на странски инвестиции, кои треба да помогнат за зголемување на економскиот потенцијал и конкурентноста на земјата, се јавува потреба од нови профили и стручни кадри. Во таа насока ја гледам натамошната активност за оваа иницијатива или концепт за меѓународна соработка помеѓу општините од Македонија и странство кој според ситуацијата на тој начин може да се подобри размената на искуствата, да се стекне не само образование туку и практично искуство за тоа како се спроведуваат одредени политики во идните или сегашните збратимени градови, особено во делот на апликативното истражување, иновациите, претприемништвото, она што е најзначајно и што ги движи економиите и што создава динамичен економски развој во истите.
Странските директни инвестиции во Македонија, се резултат на активните политики и реформи на централно ниво, но активноста на локаната власт е занемарлива и многу скромна во насока за изнаоѓање на странски инвестиции и партнери.
Потребно е испраќање на порака или барање со намери за збратимување, искористување на можностите од збратимувањето на градовите и програмите за размена каде денес можностите се многу поголеми благодарение на модерната технологија за комуникација.
Потребно е изработка на програми и план за размена од сите области култура, образование, економија и бизнис секторот од општините, кој може да спојат купувачи, продавачи, инвеститори, претприемачи, и да создадат посебни економски врски помеѓу градовите од двете држави. За многу градови од Македонија открив дека од врските со збратимените градови имаат можност за многу големи економски придобивки.

На потег е сега локалната администрација и градоначалниците.

Пишува Никола Блајбершник

(Авторот е претседател на меѓународното здружение ‘Пламен на мирот’)


1241