ОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВИ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНАТА

Предмет на Јавниот повик е прибирање понуди за финансиска поддршка на програми и проекти на Советите на Општина Битола и тоа:

· Совет за превенција на детско престапништво,

· Совет за социјална заштита,

· Совет за превенција,

· Локален волонтерски совет,

· Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и

· Совет за заштита на потрошувачи.

Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2023 година согласно Програмата за остварување на социјална заштита на Општина Битола за 2023.

Оценувањето на проектите ќе го врши Комисија формирана од Градоначалник на Општина Битола врз основа на пропишаните критериуми. Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-poddrska/.


1113

Задолжително

Verified by MonsterInsights