Благовештение : Господов и Богородичин празник
Благовештение е еден од празниците поврзани со животот на Божјата Мајка, но и со самиот Исус Христос и затоа се смета за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица станала Божја мајка.
На овој ден Гаврил се јави во архангелска светлина и ѝ рекол на Марија дека е одредена од Бога да го роди Спасителот. Во чест на таа блага вест што ангелот и ја пренесол на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот Свето Благовештение, што се празнува точно девет месеци пред Божик.
Евангелие на празник: Свето евангелие според светиот апостол Лука 1:24-38
- По тие дни зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи:
- Така ми направи Господ во деновите, во кои ме погледа, за да го отстрани укорот меѓу луѓето.
- А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гавриил во галилејскиот град, по име Назарет,
- при една девојка, свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ? беше Марија.
- И кога влезе ангелот при неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!”
- А таа, штом го виде, се уплаши од зборовите негови и помисли: „Каков е овој поздрав?”
- И ? рече ангелот: „Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога;
- и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе го наречеш со името Исус.
- Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида;
- и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството Негово нема да има крај.”
- А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?”
- Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.
- Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста своја; нејзе ? е веќе шести месец;
- зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила.”
- Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!” И ангелот си отиде од неа
Извор: МПЦ, Фото: Благовештение, икона од Охридската галерија на икони, почеток на XIV век
