Општината започна преглед на понудите за изградба на дел од проектираното прифатилиште за бездомни кучиња

Денеска започна процесот евалуција на пристигнатите понуди/ тендерска документација за изведување градба на повикот за изградба на прифатилиште за бездомни животни прва фаза – изградба на надворешниот дел.


Оваа информација ја сподели градоначалникот Коњановски на новинарско прашање во тек на вчерашното одбележување на денот на здравството во основното училиште Св. Климент Охридски. „Проблемот со уличните кучиња е повеќегодишен проблем, не само во Битола туку и во други градови од државата. Искрено се трудиме и сме отпочнати со решавање на проблемот. Во таа насока од буџетот на општината се издвоени 46 милиони денари. Во меѓувреме знаете дека склучуваме договори со ветеринарните институции. 149 кучиња во изминатиот период беа заловени, прифатени,стерилизирани и маркирани, се прават тестови и за лајшманиоза и се она што е важно и потребно за превенција од ширење на заразните заболувања, меѓутоа и заштита на населението во тој домен. “- изјави градоначалникот за ТВ Тера.


Заловувањето како привремено решение и процедурите кои Општината мора да ги спроведе за да пристапи кон комплетирање на прифатилиште или стационар за кучиња (како што милуваат да кажат битолчани) ,времето кое мора да помине во законска постапка, воопшто не делуват смирувачки врз граѓаните. Најпрвин затоа што досегашните нивни искуства покажуваат вознемиреност и страв од „случајните средби“ со 2-3 или 7 кучиња одеднаш на битолските улици особено во простор кадешто има контејнери. А и затоа што прифатилиштето стана едно од големите локални политички прашања.


Прифатилиштето ( засега со работен наслов „Хачико“) за бездомни кучиња / животни треба да биде лоцирано во дел од дворот на средно земјоделско училиште. Според досегашните изјави на Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола по чија иницијатива се реализира проектот, во рок од 10 месеци се направени чекори кои не биле преземени 30-тина години- обезбедена е локација, проекто, дозвола за градба , поставена е водоводна и канализациска мрежа и има боксови за заловените животни. Во реализацијата на проектот Општината доби и донација во висина од 600.000 денари од Фондацијата Бубевски.
Според законски определените рокови од Законот за јавни набавки, за информирање и жалби, изведувачот за оваа фаза од реализација ќе биде познат следниот месец.


1102

Задолжително

Verified by MonsterInsights