April 25, 2024

Градежен бум во Општина Карбинци

▶️ За една година општина Карбинци направи нова техничка документација и од денес официјално се обезбедени и финаниски средства за Реконструкција и доградба на ПОУ во Таринци.

11.000.000 денари обезбедивме од министерството за Локална Самоуправа од програмата за намалување на диспаритетите каде што и општината ќе има свое кофинансирање.

🔜 Веќе по завршувањето на оваа учебна година ќе се започне со реализација а од следната учениците ќе продолжат во нова училишна зграда со европски услови и стандарди. 🏫

Следни училишта каде ќе следи реконструкција и се во постапка се училиштата во Радање и Долни Балван.

Ветивме и ги реализираме клучните проекти!

Виктор Паунов, Градоначалник на Карбинци


1040