Почина Бале Ѓерманецо битолската урбана легенда
На 80 годишна возраст во Битола во старскиот дом „Сју Рајдер“ почина -Благој Богоевски-Ѓерманецот.
Бале Ѓерманцот беше познат по тоа што во 1984 година беше добитник на лото премија во Германија – кога доби премија од над 650.000 тогашни германски марки. По големата добивка во Германија, Богоевски се врати во Битола. Беше близок пријател со битолските новинари, со битолските униврзитски профсори како и со фудбалските битолски асови, а едновреме беше и генерален секретар на фудбалскиот клуб Пелистер.
Благој Богоевски-Ѓерманецот почина на ден 07.04. 2023 година ден Благоец неговиот именден, а ќе биде погребан утре сабота 08.04. 2023 година на Светонеделските гробишта во Битола.