Апел за помош – Да му помогнеме на Трајан од Добрушево кој во стравотен пожар остана без дом

Градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски, преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук упати апел за помош:
Денес пристигна неубава вест од Трајан од Добрушево кој синоќа во пожар го изгуби покривот над својата глава.
При посетата во Добрушево во разговор со Трајан дадовме збор дека со заеднички сили ќе се организираме да помогнеме во најбрз можен рок да се изгради нова скромна куќа.
За жал, вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви.
Ги повикувам сите добронамерни луѓе колку што имаат можност да помогнат што побрзо да се обезбедат услови за нормален живот на Трајан Секуловски од Добрушево.
Лице за контакт за донации Ице
тел. 071-251-603





