Цветници (Цветоносна недела или Врбица)
Православните Христијани денеска го празнуваат Цветници- христијански празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранки, како и со својата облека му го постилале патот. Денот на празнување секогаш е една недела пред Велигден.
Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Јован 12:1-18
- На шест дни пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите.
- Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа на трпезата.
- А Марија, како зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови, и ги избриша со косата своја нозете Негови; и куќата се исполни со мирис од мирото.
- Еден од учениците Негови, Јуда Симонов Искариот, кој што подоцна Го предаде, рече:
- Зошто не се продаде ова миро за триста динарии, и да се раздадеше на сиромаси?
- Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она, што пуштаа во него.
- А Исус рече: „Оставете ја! Таа го запазила тоа за денот на Моето погребение;
- оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.”
- Мнозина од Јудејците разбраа дека е Исус таму, па дојдоа не само заради Исуса, туку да го видат и Лазара, кого Он го воскресна од мртвите.
- А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазара,
- зашто мнозина од Јудејците се одделуваа поради него и веруваа во Исуса.
- На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја деда Исус доаѓа во Ерусалим,
- зедоа палмови гранчиња и излегоа да Го пречекаат; и викаа, велејќи: „Осана! Благословен е Кој доаѓа во името Господово, Царот Израилев!”
- А Исус, кога најде едно осле, седна на него, како што е напишано:
- »Не бој се, ќерко Сионова! Еве, Царот твој иде, седејќи на осле.«
- Но ова учениците Негови не го разбраа. А кога се прослави Исус, тогаш се сетија дека тоа беше напишано за Него, е дека тоа Му го направија.
- Народот, што беше со Него кога го извика Он Лазара од гробот и го воскресна од мртвите, сведочеше.
- Затоа и Го пречека народот, оти беше чул дека тоа чудо Он го направи.
Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните 4:4-9
- Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!
- Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!
- За ништо не грижете се, туку во сe преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања,
- и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа.
- А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!
- И она, што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа вршете го – и Бог на мирот ќе биде со вас!
Извор: МПЦ-ОА
Фото насловна : „Влез во Ерусалим“, Пјетро Лоренцети, фреска во Базилика на Сан Франческо, Викимедиа