Провала во деловна просторија на бул ‘1 Мај’

На 11.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(28) од Битола. Тој се сомничи дека на 04.04.2023 со употреба на сила и погоден алат влегол во деловна просторија на бул.„1 Мај“ во Битола и одзел предмети.
Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


1101

Задолжително

Verified by MonsterInsights