Вечерва во Офицерски изложба на Атеље и Академија Пердика

Изложба на копаничарски дела од богатиот опус на копаничарите од Атеље Пердика вечерва во 20.00часот во КИЦ – Офицерски ќе го отвори одбележувањето на 30 годишнината од постоењето на првото и сеуште единствено професионално копаничарско атеље.

Во изминатите 30 години неуморните раце на сите членови од семејството на Гоце Крстевски реставрирале многу иконостаси и ентериерни елементи. Иконостасот и владичкиот трон во Пресвета Богородица – Битола, анвонот, царските двери и владичките тронови во црквата Св. Беликомаченик Димитриј во Битола, ентериерот на претседателскиот кабинет.
Но најголемата промоција и задржување на копаничарската традиција Атеље Пердика ја реализираат преку комплетната изработка ( од идеја до готов производ) на иконостаси во земјава и странство: Св. Петка во Цапари, Св. Никола во Крушево, св. Петар и Павле во соборниот храм во Кичево, Св.Атанасиј во Журче,Св. Димитриј Солунски во Волонгон, Австралија, Св. Злата Мегленска во Сботско во денешна Грција и многу други.


Гоце Крстевски како копаничар учествувал и на многу изложби и колонии, а и на светскиот саем за ентериери во Минхен, кадшто бил единствениот претставник на Македонија меѓу 12 000 излагачи.
„Уметничкото атеље Пердика остана можеби едно и единствено кое ја негува македонската резба и остава зад себе експонати и иконостаси како вечна изложба кои ќе раскажуваат за уметничкиот опус на стручните лица, уметници кои го сочинуваат“ велат во поканата до јавноста да ја проследат оваа изложба со која се означува големиот јубилеј.


1133

Задолжително

Verified by MonsterInsights