Велигденски квиз
Христијанската Библија е збирка на свети текстови кои се основа за религијата на христијанството. Таа е поделена на два дела познати како Стар и Нов Завет, иако самата Библија се толкува од различни христијански групи. Денес, Библијата се смета за највлијателниот текст некогаш напишан и е најпродаваната книга на сите времиња, со над 100 милиони продадени примероци годишно. Дури и ако не се религиозни, многу луѓе се запознаени со многу приказни и теми вклучени во Библијата. Ве покануваме да си направите проверка на знаењето.
- Според Новиот Завет, каде е роден Исус ?
-Галилеја
-Ерусалим
-Витлеем
-Рим
Се вели дека Исус е роден во Витлеем и положен во јасли. Името на градот се споменува во сите евангелија освен во книгата Марко. - Како се викаше последниот оброк што Исус го сподели со своите Апостоли?
-Вечера
-Свечена Вечера
-Тажна вечера
-Тајната вечера
Исто така познато како Пасха, Тајната вечера, според евангелските извештаи, е последниот оброк што Исус го делел со своите апостоли пред да биде распнат. Сцената ја прослави Леонардо Да Винчи во неговата истоимена слика. - Што слави христијанскиот празник Велигден?
-денот на Неговото распетие
-Воскресението на Исус
-Крштевањето на Исус
-кога водата ја претвораше во вино
Велигден е празник кој се слави во чест на Воскресението на Исус од мртвите, кое се вели дека се случило на третиот ден по неговото погребување. - Откако виделе празен гроб, Марија Магдалена и и мајка му Марија отишле да им кажат на другите. Нив ги пресретна
-Исус
-Петар
-Јован
-Јосиф
Откако го нашле празниот гроб и Ангелот им кажал дека Исус воскреснал, тие побрзале да им кажат на Неговите ученици. Ги пресретнал Исус. - Како обично се нарекуваат првите пет книги од Библијата?
-Пасха
-Егзодус
-Битие
-Петокнижие
Петокнижието е првиот дел од Библијата поделена на пет различни книги и буквално во превод значи „пет книги“. - Кој вели „Господ даде, а Господ (од)зеде; благословено да е името на Господа.”
-Давид
-Аврам
-Захарија
-Јов
Јов . Во „Книгата на Јов“ во Библијата Јов е добар и верен човек кого Бог му дозволува на сатаната да го мачи за да ја тестира неговата вера. - Колку луѓе нахранил Исус со пет леба и две риби?
-5.000
-1.000
-3.000
-10.000
Хранењето на 5.000, инаку е забележано како „чудото на петте леба и две риби“, е чудо што го извршил Исус во Евангелието по Јован. Нахранил мажи, жени и деца. - Кој негираше дека го познава Исус?
-Петар
-Јован
-Павле
-Марко
Опишано во сите четири евангелија од Новиот завет, Негирањето на Петар се случува по апсењето на Исус кога овој негира дека го познава во три одделни прилики, нешто што Исус го предвидел на Тајната вечера. - Кој го симнува телото на Исус од крстот?
-Јосиф Ариматејски
-Кајафа
-Кралот Ирод
-Марија Магдалена
Забележан како богат човек кој исто така бил ученик на Исус, кога слушнал за неговото распнување, го прашал Пилат дали може да го земе телото на Исус. Пилат се согласил и Јосиф Ариматејски го симнал од крстот и го погребал во вештачка пештера. - Кој е најстариот човек што живеел во Библијата?
-Исаија
-Марко
-Дедо Ное
-Метузелем
Според книгата Битие, Метузалем е син на Енох, таткото на Ламех и дедото на Ное. Се вели дека умрел на 969 години, најдолговечниот од сите споменати во Библијата. - Кое било првото чудо на Исус?
-одење по вода
-претворење на водата во вино
-лекување на слепите
-воскренување на лазар од мртвите
Во Евангелието според Јован, Исус, неговата мајка и неговите ученици биле поканети на свадба во Кана. Кога виното се потрошило , Исус првпат ги покажува своите способности со тоа што ја претвора водата во вино. - Колку години талкале Израелците откако го напуштиле Египет?
-15
-40
-100
-20
Откако го напуштиле Египет, Израелците го започнале своето долго патување до Ветената земја, Ханаан. Нивното патување им одзело 40 години затоа што Бог не сакал некој од воена возраст да влезе во Ханаан. - Колку долго врнело кога Ное бил на Арката?
-една година
-50 дена и 50 ноќи
-40 дена и 40 ноќи
-100 дена и 100 ноќи
По изградбата на Арката, врнело четириесет дена и четириесет ноќи, а по 150 дена „водата се смирила“, а Арката се смета оти почива на планините Арарат. Таму Ное изградил жртвеник и принел жртва. - Што од овие не му беше направено на Исус пред неговото распнување?
-бил принуден да танцува
-бил каменуван
-на главата му ставиле круна од трн
-бил плукан
Пред да биде усмртен / убиен со распнување, Исус бил понижен на многу начини. Го тепале, камшикувале, го плукале и го принудувале да носи круна од трње. Не бил натеран да танцува. - Колку книги има Протестантскиот Стар завет?
-13
-39
-5
-43
Протестантскиот Стар завет се состои од 39 книги. Католичката и протестантската Библија имаат различен број книги, од кои секоја се смета за божествено инспирирана. Ортодоксната Христијанска има 77 книги пишувани од Божји праведници, избраници , пророци и апостоли со Божјо вдахновение. Стариот Завет го претставуваат 50 книги, а Новиот Завет 27. - Кој ден од седмицата Исус воскреснал од мртвите?
-петок
-вторник
-среда
-недела
Велигден се слави како воскресение на Исус Христос, три дена по сеќавањето на неговата смрт на Велики петок. Токму на овој ден Недела тој беше прогласен за славен и бесмртен. - Која е осмата заповед според Декалогот?
-нема да имате други богови пред мене
-нема да извршувате прељуба
-нема да крадете
-почитувај ги ги таткото и мајката
Десетте Божји заповеди, или Декалогот, се религиски и морални закони кои, според Библијата, се напишани од Бог и му се дадени на Мојсеј на планината Синај во вид на две камени табли. Играат голема улога во јудаизмот и христијанството. Десетте заповеди ги прикажуваат библиските принципи на етиката. Осмата заповед е да не крадеш! - Каде отиде Исус по Тајната вечера?
-Галилејско море
-Бетесда
-Гетсеманска градина
-Соломоновиот Храм
Според истражувањето, по Тајната вечера, Исус прошетал до подножјето на Елеонската Гора за да се помоли. Таму отиде во Гетсиманската градина, надвор од ѕидните на Ерусалим. - Колку години имал Исус кога ја започнал својата служба?
-17
-30
-37
-18
Според Евангелие по Лука, поглавје 3, стих 23 од Евангелието, Господ Исус Христос имал околу 30 години кога ја започнал својата служба, околу три години пред да биде распнат. - Зошто Давид морал да го убие џинот Голијат?
-постојано крадел од градот
-сакал да го убие семејството на Давид
-џинот беше под контрола на сатаната
-народот на Давид ќе морал да се подчини на Филистејците
По постојаните борби меѓу Израелците и Филистејците, овие вториве предложиле да го испратат својот најжесток воин против најсилниот воин на Израелците за да го решат спорот во „единечна борба“. Арно ама Голијат бил џин. Израелскиот цар се исплашил, а еден млад човек по име Давид доброволно се пријавил, и го победил Голијат.
Сосема е неважно дали сите овие настани се случиле , моралните поуки се вредноста заради што Библијата е најчитаната книга на сите времиња. И приказната за Давид и Голијат и сите книги во било која од Христијанското Свето Писмо ги има зависта, алчноста, стравот, мрзеливоста, сомнежот, порокот, гордоста, страста, себичноста, обесхрабрувањето како лични и колективни џинови, а порачува кога имаме доверба во Него, Бог може да ни овозможи да ги победиме сите наши џинови.