March 29, 2024

Во 30 години независност, Сојузот на синдикати првпат повикува на вистински штрајк за 1 Мај

ОСВЕН ЗА ВЛАДАТА, 8 ч. РАБОТА, 8 ч. РЕКРЕАЦИЈА, 8 ч. ОДМОР Е ПРАВИЛО ВО ЦЕЛ НОРМАЛЕН СВЕТ
Владата со мала група на пратеници прави обид фундаменталното право на пристојно работно време и пристојна работа кое е изборено во 1886 година да го погази и Македонија и македонските работници да ги врати 137 години назад!
1 мај се одбележува токму во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго.


На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви.
Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени. Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба.
Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.
МОРАШ НА ПРОТЕСТ❗️ – пишуваат на својата официјална Фејсбук страница.


1030