Под мотото „Нови перспективи“, утре 25 април од 12:00 до 19:00 часот на Платото пред Офицерскиот дом, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, заедно со своите пријатели и соработници организира „Отворен ден“.

Програмата се реализира со обединување на капацитетите и ресурсите на УКЛО, јавните институции, Локалниот економско-социјален совет на Општина Битола, бизнис-заедницата, Регионалната стопанска комора, Агенцијата за вработување, граѓанскиот сектор и креативците во Битола. На настанот предвидено е учество на многубројни компании, организации и поддржувачи на битолскиот универзитет, под наслов „УКЛО и пријателите“.

Со ваквиот концепт, Отворениот ден на УКЛО претставува пример за партиципативен пристап и активно партнерство кое обезбедува овозможувачка околина за младите и студентите да останат во Битола, да се мотивираат за активно учество во одредени процеси, но и да ги стават на располагање своите вештини на локалната заедница.

Заедничката акција поттикнува иницијативност преку обезбедување можности за квалитетно образование, можности за личен и кариерен раст и развој преку користење на програмите за мобилност, програмите за неформално образование и програмите за стартапи, можности за доквалификација и преквалификација преку користење на програмите на институциите и граѓанскиот сектор.

На овој начин, се делува и кон воспоставување на поголем социјален дијалог заради создавање услови за економска и социјална стабилност.

Извор: Општина Битола / УКЛО


1114

Задолжително

Verified by MonsterInsights