Етничка администрација во граѓанска држава
78.833 од вработените во јавниот сектор се Македонци, 23.855 се Албанци, 2.675 се Турци, 1.651 се Роми, 1.542 се Срби, 569 се Бошњаци, 527 се Власи, а 813 се други или воопшто не се изјасниле за етничката припадност, пишува https://plusinfo.mk/ .
Порталот го објавува Извештајот за регистерот на вработени во јавниот сектор за 2022 година, а според бројките што ги пренесува, администрацијата е безмалку па двонационална, поделена меѓу Албанците и Македонците.
Според податоците речиси во сите министерства процентот на етничките Албанци е над 25%. Во четири ресори застапеноста е помала од 20% но има министерства каде што тој е над 40%. Конкретно во Министерството за политички систем застапеноста на етничките Албанци изнесува 84,36% а во Министерството за економија 47,55%. Во овие два ресори застапеноста на Македонците изнесува 5,15 односно 42% во ресорот економија.
Во Министерството за одбрана, пак, етничките Македонци се застапени со 79,48% а етничките Албанци со 12,95%. Во Министерството за транспорт и врски застапеноста на етничките Албанци изнесува 17,07% а во Министерството за земјоделство 18,01%.