Состојба на патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Денеска 26.4.2023 г. (среда) започнуваат градежни активности на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурен телефон 02 / 25 61 502 .

Извор: ЈПОЗМРП


1029